Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР.

Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“, во присуство на ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, по што ќе следува и прием во присуство на високи гости и претставници на Рим и Ватикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.