Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи денес и утре е во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари средби со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и со земникот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

Покрај презентацијата на програмата на ОБСЕ, на средбите во Европската Унија ќе бидат разменети мислења и за можностите за продлабочување на соработката со ОБСЕ, пред сѐ со Европската Комисија и институциите на ЕУ, со посебен фокус кон улогата и работата на теренските мисии на Организацијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа.

Во рамките на посетата на НАТО, Османи ќе учествува на посебна тематска сесија на Северноатлантскиот совет (САС) на НАТО, на која ќе бидат разменети видувањата за актуелните безбедносни предизвици и улогата на ОБСЕ во одржувањето на стабилноста и безбедноста на континентот.

Покрај Борел и Џоана, Османи ќе оствари посебни средби и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан – Мирослав Лајчак, како и со еврокомесарот за кризен менаџмен – Јанез Ленарчиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.