Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од Берлин денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
– Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.
На маргини на состанокот, шефот на македонската дипломатија ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.