Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива. И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука не се поставува прашањето дали, туку кога.

Ова го порача шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-сконференција днеска во Подгорица со неговиот домаќин и црногорски колега Ѓорѓе Радуловиќ

– Процесот на проширување на ЕУ или поточно да се изразам на комплетирање на ЕУ нема алтернатива. Ако ги погледнеме границите на ЕУ ќе забележиме дека Западниот Балкан е заокружен со земји членки на ЕУ, споделуваме заедничка традиција, заедничко културно и историско наследство. Денеска ги споделуваме и истите заеднички интереси и предизвици, како и земјите на ЕУ. Истовремено сите имаме заеднички амбиции за иднината на обединета Европа, а тоа е безбедна, стабилна и просперитетна иднина на ЕУ, рече шефот на дипломатијата Османи.

Во контекст на оваа тема, додаде тој, ние Црна Гора ја гледаме како убав пример, вистински претходник во процесот на преговори и приближување кон ЕУ. Порано како предводник на европските интеграции наа Македонија, а денес како шеф на дфипломатијата продолжувам со размена на информации и искуства и со амбиција да стекнеме што повеќе од црногорското искуство во процесот на преговорите со ЕУ за да поподготвени го пречекаме почетокот на преговорите, истакна Османи.

– Со оглед на напредокот и подготвеноста сметам дека  Македонија требаше да ги почне преговорите за време на германското претседателство минатата година и овој неуспех го сметам во најмала рака заеднички неуспех и на ЕУ иако тоа беше силна порака која предизвика длабоко разочарување, но сепак тоа не не обесхрабри и како што гледате активно продолжуваме да придонесуваме во европската идеја на Балканот и за европската перспектива како на нашата земја така и на целиот регион, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.