Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања смета дека не смее ставот за изборните единици да се стави во контекст на коалициските односи.

Според него, со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците.

Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници. Еве вие кажете дали е нормално ДУИ да прифати такво нешто, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.