Вицепремиерот Бујар Османи во интервју за “Независен“ оцени дека разликите меѓу партиите за датумот за одржување на изборите не се големи и тој очекува да се најде заеднички јазик.

Најмалку што би посакале сега, и ние, и граѓаните, е нова политичка криза и нови препукувања меѓу партиите во услови на пандемија. Мислам дека тоа би било најомразеното нешто за граѓаните доколку видат дека сега, кога е најважна сплотеноста на сите за да излеземе од здравствената и економската криза, ние политичарите да покажуваме ниско ниво на свест  и да се закопуваме во партиските ровови и интереси. Кој и да го прави ова ќе изгуби во очите на граѓаните. Затоа, сметам дека ниту една политичка партија нема да оди до својот екстрем, да предизвика политичка криза во овие услови. Разликите за датумот не се многу големи.

Околу тоа дали  5 јули е во игра како датум за избори Османи одговори потврдно :

Мислам дека 5 јули не е лош датум и дека е датум околу кој може да се сретнеме сите партии. Ако ме прашање како ДУИ, ние не спориме ниту еден датум, од утре па до декември, кога е редовниот термин. Но, сметаме дека по 5 јули и до септември ќе има отежнати околности за одржување на избори. Така што очекувам да постигнеме договор околу овој датум .По 5 јули доаѓа летото, луѓето нема да бидат тука ако се отворат границите, ќе ги користат одморите. ДУИ нема да се спротивстави ниту на еден термин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.