Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пред да го аргументира контроверзниот Закон за јазици пред Венецијанската комисија, која попладнево треба да го разгледа и потоа да даде мислење, објави дека постојат земји во светот кои практикуваат двојазнични банкноти и униформи на армијата.

Пленумот на Венецијанската комисија, составен од претставници од околу 60 земји низ целиот свет, попладнево ќе го разгледа Законот за употреба на јазиците. Тврдам дека употребата на банкнотите и воените униформи е практика во некои земји ширум светот и е здрава и за нашата земја. Аргументите за потребата од законот, конкретните одредби и неговото спроведување се направени во координација со локални и регионални експерти, напиша Османи на на Фејсбук.

Тој истовремено изрази разочарување од вчерашниот настап на професорката Тања Каракамишева, која имала негативно мислење во своето обраќање пред Поткомитетот за национални малцинства и фундаментални права.

Почитување за досегашната соработка и работата на Комисијата, но разочарување за деструктивната позиција и улогата на претставникот на Северна Македонија во Венецијанската комисија!, додаде Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.