Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција изјави дека и натаму останува предлогот прашањето за јазикот да се реши со две унилатерални изјави.

Ова уверување тој го добил од неговиот португалски колега Силва со кој вчера остварил телефонски разговор на кој му било потврдено дека нема поместување во однос на позицијата на Португалија за решавање на спорот со Бугарија, односно дека останува она што под нејзино претседателство стои во пишаниот предлог кој е доставен и до македонската и до бугарската страна, но и до земјите членки на ЕУ.

Тој додаде дека станува збор за предлог на Претседателството на ЕУ, а не само на Португалија и дека очекува и Словенија да продолжи во таа насока.

„Формулацијата за јазикот останува во преговарачката рамка, односно како сегашниот предлог на Комисијата, додека на самата меѓувладина конференција Бугарија би дала своја унилатерална изјава со свои погледи за јазикот и ние би имале наша едностарана изјава, а ЕУ само ќе забележи дека има две унилатерални изјави, односно два различни става во однос на тој процес“, рече Османи на прес конференција во Охрид, одговарајќи на новинарско прашање.

„Сметаме дека тоа е креативното решение кое што ги адресира сензитивностите на двете страни во однос на ова паршање“, додаде тој.

Тој повтори дека предлогот се состои во тоа што од нас сеочекува да се потврди дека јазикот е кодифициран од 1945 година и нагласи дека за јазикот и за идентитеските прашања никогаш не се разговарало на билатерална основа со Буугарија.

Освнувајќи се за конференцијата „Преспа форум дијалог“, тој рече дека тајмингот за нејзино одржување е добар, бидејќи доаѓа по заклучоците на Советот на ЕУ.

„Првично беше планирана за 15 и 16 јуни, пред Самиотот на ЕУ. Мислам дека тогаш ќе зборувавме повеќе за очекувањата и за надежите. Тоа што се случува сега по Самитот, е добро за точно да ги адресираме фрустрациите што се појавија од половичните одлуки и незадоволството што тлее во нашето општество“, рече Османи.

Османи на денешната средба со новинарите рече дека шефот на португалската депломатија Аугусто Сантош Силва изразил жалење откако португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел изјави дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“.

Оваа изјава беше дадена во последните денови од португалското претседателствување со ЕУ, кое од денеска го презеде Словенија.

Тоа што можам од разговорот со Силва е дека португалското претседателство покажа дека решение може да постои, потребно е само повеќе напор и разбиорање. Министерот изрази жалење и ја реафирмираше уште еднаш позицијата на Португалија дека нивниот став е оној што го има во пишаниот документ што го доставија како предлог до Бугарија и Македонија. А тоа е македонскиот јазик да остане во преговарачката рамка. Претседателството има единствен предлог. Се менува претседателството, но не се менува предлогот. Јазикот е кодифициран од 1945 и никогаш не сме се пазареле за јазикот на билатерална основа, рече Османи.

Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, за кого вчера беше последен ден претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.