Политичарите треба да бидат последни кои ќе добијат поголема плата, изјави денеска Бујар Османи.

Според него, граѓаните со најниски примања, мора да имаат предност, прво тие да добијат зголемување, а на крајот и политичарите.

Од практичен аспект секој политичар што ќе каже дека не му е битна платата не остава добра порака, бидејки веројатно тогаш има други извори. Јас немам други извори за егзистенција освен оваа плата. Секој би сакал да има поголема плата. Но од етички аспект, политичарите треба да бидат последни на листата на граѓани кои треба да имаат зголемување на платите, откако на сите ќе им се зголемат тогаш и на политичарите – изјави Османи.

Тој додаде дека за оваа одлука ќе се расправа на седница на Влада, каде тој ќе предложи сите да добијат зголемување на платата, но предност пред политичарите да имаат граѓаните со најниски примања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.