Овој пик денеска е резултат за време на полициски час, изјави Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, коментирајќи го поголемиот број од новозаразени со ковид-19 во земјава.

Денеска Министерството за здравство соопшти дека ина 89 новозаболени и седум починати од коронавирус.

Сакам да ги отфрлам сите теории на заговор, ова е опасна болест, болест која убива. Само ако се однесуваме како да сме заболени од коронавирус, и ако во секој контакт се однесуваме како лицето да е заболено, ќе се заштитиме. Она што го научивме досега е дека ниту една колективна мерка не е подобра од личната свест на граѓаните. Ако си сам свој полицаец и се грижиш за своето здравје и за здравјето на семејството, ќе се заштитиш. Ниту еден полицаец не може да дојде дома и да не контролира дали ги миеме рацете после допирање на предмети“, рече вицепремиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.