Отворањето на обложувалниците е на инсистирање од Министерството за финансии, откри вечерва во „Клик плус“ на ТВ21 вицепремиерот Бујар Османи, кој како претставник од ДУИ со Аријанит Хоџа од БЕСА дебатираа за актуелните состојби во државата.

Според Османи, Министерството на овој чекор се одлучило веројатно поради нивни анализи.

Спортските обложувалници беа затворени околу два месеци, и денеска повторно се отворија со разни препораки, мерки и протоколи пропишани од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.