Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција говореше за проблемите со формирањето на Владата во Бугарија, нешто што го кочи решавањето на проблемот со Македонија.

Како што истакна Османи, без разлика на проблемите кои ги има Бугарија, комуникацијата мора да се одржи на ниво.

Немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме на ЕУ. За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија. Тоа се покажа како важен фактор за наоѓање на решение за блокадата на европската перспектива. Комуникацијата помеѓу двете министерства продолжи, кои разговараа, но тоа е колку да се одржи комуникацијата на ниво. Очигледно е дека потребно е формирање на влада во Бугарија. Ние продолжуваме со реформите и сме во очекување да се реши состојбата во Бугарија – истакна Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.