Софија се уште не одговорила на нон пејперот, но шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека разговорите со Бугарија ќе продолжат по празниците..

Комуникацијата со Бугарија продолжува и покрај ветото, а периодот кој следува треба да се искористи за внатрешна рефлексија – порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, прашан за односите со нашиот источен сосед во последниов период. Османи додаде и дека се уште нема одговор од официјална Софија за Нон-пејперот кој специјалниот претставник на земјава Владо Бучковски го достави до Борисов пред неколку недели.

Прашан пак за последните пораки од неговата бугарска колешка Захариева дека Бугарија не е осамена во нејзините позиции за Македонија, Османи вели дека земјава ужива апсолутна поддршка од сите членки на Унијата, што според него, е дополнителен поттик за евроинтегративните процеси на земјава. Во тој контекст, поддршка за почеток на преговори упатија и високиот американски дипломат Филип Рикер, како и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.

Двајцата американски дипломати беа дел од денешната промоција на поштенска марка во чест на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД. Македонија и САД како што порачаа тие, изминале доста во минатото, а сојузништво се потврдило и со влезот на земјава во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.