Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Тој меѓудругото истакна дека не може полицијата да го покрие секој квадратен метар од државата за да го спречи ширењето на заразата. Со оваа изјава Османи оди контра ставовите на Заев и СДСМ дека Наќе Чулев е виновен за новиот пик на заразени потенцирајќи дека и за време на полицискиот час не функционирал полицаецот во нас.

И за време на полицискиот час не функционирал полицаецот во нас. Полицијата била на терен, не може физички полицијата да го покрие секој квадратен метар во државата. Не може полицијата секој граѓанин во својот дом да го контролира како се однесува, вели Османи.

Османи посочува дека би било погрешно да се растураат ифтарските вечери и литијата во Струга на сила, бидејќи тоа би ја довело државата во друга криза.

Верувајте дека немало начин овие ифтарски вечери да се растурат на сила и би било погрешно. Би било погрешно литијата во Струга да се растури на сила, тоа би било само вовед за нешто што можеби се случува денеска во други држави каде короната веќе не е главна тема, вели Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.