Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

На средбата беше дискутирано за нашето ЕУ досие, нивото на подготвеност на нашата администрација за успешен скрининг процес и уставните измени како наша преземена обврска со цел забрзана интеграција во ЕУ.

„Македонија останува силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, во реализација на најголемата надворешно – политичка стратешка цел до 2030 година, но и ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот, со цел опипливи економско-социјални придобивки за нашите граѓани”, истакна Османи, додавајќи дека политиката на проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економска благосостојба на целиот европски континент.

Министерот Османи се осврна и на неопходноста од успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред членството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.