Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, го прими новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Килиан Вахл.

 

Османи, изрази задоволство од назначувањете на Амбасадор Вахл за шеф на Мисијата на ОБСЕ, како експерт со практично искуство во прашањата за Југоисточна Европа и Западен Балкан, воедно, нагласи и дека го цениме фактот што доаѓа од Германија, земја постојан поддржувач на Македонија и истакнат геополитички актер и важна земја-учесничка на ОБСЕ.

 

Соговорниците се осврнаа на претствојното претседавање на Македонија со ОБСЕ 2023, при што Амбасадор Вахл упати отворена поддршка во текот на претседавањето, особено напомнувајќи дека претседаавњето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача, пред се поради отворената агресија на земја-учесничка и другите актуелни случувања во регионот на ОБСЕ.

 

Исто така, Османи, истакна дека наша цел е засилен допир и интеракција со теренските мисии на ОБСЕ, со цел воспоставување синергија помеѓу приоритетите на Претседавањето и оние на теренските мисии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.