Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Како што соопшти МНР, Османи ќе се обрати на првата сесија „Одржување на мирот”, на која ќе бидат разменети мислења за соработката во делот на мировните операции во рамки на ОН, како и за превентивната дипломатија како основа за градење на мирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.