Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вечерва информира дека унитералните изјави постоеја и во португалскиот и во германскиот предлог.

-Тогаш не беа проблем. Јас мислам и сега не го оспоруваат јазикот. Ми се допаѓа што се рационализира дебатата. Во првите денови беше емотивна, за лидерот на опозицијата да дојде до четири забелешки, а денеска веќе на една. Тоа е добро, тоа сакавме да го постигнеме, преку овие расправи да дојдеме до рационална дебата што е проблемот. Сите се согласуваат дека по однос на јазикот, нема што да се додаде. Многу е лесно за конспирации, но во однос на јазикот, било кој, било кого, и да не беше Бугарија, не можеше да добие поинакво решение по однос на јазикот во рамката, изјави Османи во дебата со уредници од телевизии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.