Вицепремиерот Бујар Османи истакна дека препораките од Венецијанската комисија  ќе се применат, со забелешка дека ќе се води сметка неговата имплементација да нема негативни влијанија врз останатите општествени процеси во земјата.

– Во сегашниот Закон за јазици има преодна одредба што дозволува една година за усогласување на легислативата. До април сме во таа преодна одредба, а пет месеци се доволно за изградба на капацитети за да нема никакви реперкусии. Прашањето на исполнување на препораките ќе биде преку акциони планови, но Законот нема да се менува. За Венецијанската комисија не е важно на кој начин, туку дали ќе се постигне целта. Целта ќе се исполни преку изградба на капацитетите, а имплементацијата на Законот само позитивно ќе се одрази врз општествените процеси во државата, оцени Османи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.