Како за сѐ досега така и овојпат министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ лажат, тврдат високи извори од МРО-ДПМНЕ за Република.

Ништо не се променило од средбата Ковачевски – Мицкоски. Ниту ВМРО-ДПМНЕ сеоткажува од барањата што му ги соопшти лидерот Мицкоски на премеирот Ковачевски, ниту пак се тие инкорпорирани во францускиот предлог, како што тврдат министрите. Остануваме на нашето стојалиште, вели извор од партијата за Република.

 

По средбата со Ковачевски Мицкоски инфирмира дека понудиле да се одбие ова што е доставено како предлог, а ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од барање за предвремени парламентарни избори.

Во заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членот 11 и членот 14. Членот 11 од записникот е член кој детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори се додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на Протоколот кој е дел од втората меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија во кои се наоѓаат историските прашања, образовните, културните прашања, промената на учебниците и се она што изминативе денови како бугарска верзија можеше јавноста да го види. Тоа е тој Протокол, членот 14.

Во преговарачката рамка, тоа е вториот документ каде што имаме принципи на кои се водат преговорите да ги избришат следните два члена. Делот каде што се наоѓаат годишните прегледи, тоа е делот каде што се Копенхагеншките критериуми согласно процесот на стабилизација и асоцијација. Да го избришат делот каде што се повикуваат на записникот од втората меѓувладина конференција. Овие 4 работи нека ги избришат, информира Мицкоски.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија истакнаа дека сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот.

Министерот Османи истакна дека е добро што почнала да се рационализира дебатата и да се зборува за конкретни забелешки.

До пред некој ден се зборуваше со емоции, што е можеби легитимно и не треба да критикуваме. Јас ги видов овие четири забелешки и можам да кажам дека ако навистина овие се забелешките треба да се прифати тој предлог затоа што сите тие забелешки се инкорпорирани во тој предлог. Преговарачката рамка со утврден македонски јазик, со затворен македонски јазик се усвојува веднаш сега, откако ние ќе кажеме да, на пакетот. Штом се затвори тоа прашање, најважното се затвора. Ние можеме истиот ден ако сме спремни тоа логистички да го организираме, да се одржи првата меѓувладина конференција, се чита изјавата и почнува веднаш скринингот. На овој начин веднаш почнува да се мобилизира целата администрација, со експерти од Брисел кои веднаш почнуваат да прават проценки – рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.