Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со заменичката на Генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Бетина Каденбах, која престојува во Скопје по повод одржување на состанокот на Директори за политичка безбедност од министерствата за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

На средбата, соговорниците разменија мислења околу актуелните безбедносни состојби и ситуацијата во Украина. Воедно, се осврнаа и на пошироките импликации од кризата, со посебен фокус на безбедносната ситуација во Западен Балкан.

На средбата стана збор и за новиот Стратешки концепт на НАТО, кој како втор најзначаен документ за Алијансата се очекува да се усвои на претстојниот Самит на НАТО во Мадрид, во јуни годинава.

 

Воедно, министерот Османи искажа задоволство за одржување на состанокот на Директори за политичка безбедност на земјите членки на НАТО во Скопје, што е уште една потврда за стратешкото значење на Западен Балкан за Алијансата.

Во контекст на актуелните безбедносни ризици, особено значајни се кредибилните евро-атлантски и европски перспективи за Регионот, процеси кои имаат долготраен трансформативен ефект и придонесуваат за зачувување на сигурноста и стабилноста.” – заклучи Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.