Министерот за надворешни работи Бујар Османи и минситерот за економија Крешник Бектеши, кои со владиониот авион отпатуваа во Букурешт да гледаат фудбал, не покажаа доблест да им честитаат на фудбалерите за покажаната игра, за пожртвуваноста и на крајот на краиштата што им овозможија да гледаат европско првество на државна сметка.

Пред полетувањето од Скопје, фотографија објави премиерот Зоран Заев, кој напиша дека заминуваат за да ги поддржат македонските репрезентативци.

Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава е со вас, напиша Заев, но очигледно овие двајцава за друго биле отидени.

И Османи пред натпреварот се пофали дека е на Европско.

На официјалната страница на Фејсбук на Бектеши нема никаква објава за фудбалот. Се надеваме дека добро си поминал. И барем за патот не се потрошил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.