Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар османи од студиото на „Телма“ истакна дека во вториот круг од претседателските избори гласале околу 200.000 граѓани од албанска етничка националност.

Во оние средини  кои се со доминантно албанско насеение и мешани средини имаше 270.000 гласови. Според тоа, од нив сметаме дека околу 200 илјади се дадени од Албанците – рече членот на ДУИ чија партија во владината коалиција го поддржува Стево Пендаровски како кандидат за претседател на Македонија.

Од друга страна, Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците рече дека бројката не е точна.

Станува збор за 110.000 гласови од Албанците и тие не се само од ДУИ туку поддржувачи на сите други албански партии и неподржувачи – смета Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.