За најавените министерски смени министерот за европски интеграции и портпарол на ДУИ Бујар османи декеска рече дека има комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети „за зајакнување на капацитетите на Владата во делот на економијата’.

Метлата не е принцип којшто ДУИ го користи, но да претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателот Заев разговараат за зајакнување на капацитеите на Владата во пресрет на отворањето на новото поглавје во фокус на Владата, а тоа е економијата, изјави Османи.

Потврди и дека имало разговори за да се надминат недозразбирањата што произлегоа по назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Има комуникација за да најдеме решение за ова прашање, рече Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.