Во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи, истакна дека сите информации околу Фрчкоски и неговата номинација за амбасадор во Соединетите американски држави, се само шпекулации.

– Името на Фрчковски дека ќе биде амабасадор во Вашингтон дојде од медиумите. Дека е повлечена кандидатурата повторно дојде од медиумите. Во ниту еден момент, МНР не кажало дека тој е кандидат за амбасадор, или дека е отфрлен или прифатен, изјави вечерва министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Клик плус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.