Вицепремиерот Бујар Османи беше гостин во ЦентралниотДневник на 1ТВ каде зборуваше за случувањата во ИВЗ, но и изборите.

Конзистентен е ставот на ДУИ дека две институции се свети тоа се универзитетите и верските заедници. Тоа што вчера се случи е скандалозно и срамно, бидејќи судовите не може да одлучуваат кои ќе бидат поглавари во верските заедници. Констатиравме дека е нелегален упад, тука се вмешав и како вицепремиер за да не се наруши кредибилитетот на ИВЗ и доколку ние придонесеме да се наруши тој углед, тогаш секој може да ги киднапира емоциите на верниците. Ставот на ДУИ е дека мора да се заштити кредибилитетот на верските заедници, вели тој.

Откако од Алијансата на Села рекоа дека е очигледно дека Исламската верска заедница постојано е блиска со партијата која е на власт, Османи смета дека токму тоа е мешање на политиката во верските заедници. За изборите порача:

Тоа е лош спин затоа што оваа работа има име и презиме. Пробајте да најдете поврзаност. ДУИ беше вознемирен, бидејќи ги знаевме реперкусиите. Сметам дека чепкањето во верските заедници е најопасното нешто што може да се случи во мултиетнички општества. Да повикам на внимателност. ДУИ никогаш го нема тоа правено, свесни за ризикот и последиците кои може да се случат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.