Без разлика на политичкиот контекст во кој се наоѓаат европските интеграции, мора и ќе продолжиме не само со реформите, туку и со изградбата на институции, училишта, болници, гранични премини, патишта и сѐ што е потребно за најпрво да им обезбедиме подобри услови на нашите граѓани, а потоа да ги достигнеме и европските правила и стандарди – рече вицепремиерот Бујар Османи на денешното отворање на спортска сала во село Черкези, Кумановско.

Секоја година, истакна Османи, ЕУ става на располагање преку 100 милиони евра годишно неповратни средства, пари на даночните обврзници на нејзините земји – членки, што се искористуваат за проекти со кои се обезбедува суштинска поддршка за трансформација на нашето општество.

Отворањето на оваа сала претставува симбол на нашата амбиција, да го трансформираме и образовниот систем на младите согласно европските стандарди – рече вицепремиерот Османи, посочувајќи дека салата е дел од поширокиот проект за изградба на 145 спортски сали финансирани од кредит од Банката за развој при Советот на Европа, додека проектната документација е изработена со неповратните средства од ИПА фондовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.