Македонија во 2005 година добила статус на земја кандидат поради Рамковниот договор, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој вчера во дебатниот магазин „EU Click“ на ТВ21 истакна дека патот до Брисел „минува“ низ Охрид

Секогаш знаевме дека патот до Брисел „минува“ низ Охрид. Затоа и прашањето за јазикот како суштествен дел на Рамковниот договор беше задолжително нешто без кое не се може, не само заради релаксирање на односите меѓу соседите туку и поради тоа што беше фактор кој ја одржува внатрешната политичка стабилност. ЕУ не прима држава која има потенцијал за дестабилизација меѓу етничките заедници, вели Османи.

Тој додава дека овие три договори биле на некој начин расчистување на теренот за продолжување понатаму без ниту една пречка, бидејќи Македонија останала единствената земја во регионот која нема ниту едно отворено прашање со соседите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.