Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има официјална реакција на последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, Османи рече дека токму нашите реакции на оваа изјава имаат интенција да бидат искористени во една предизборна кампања.

Не треба да бидеме дел од предизборниот политички дискурс на соседна Република Бугарија, кој што има интенција, токму со оваа изјава, за потоа нашите реакции да се искористат во рамки на една предизборна кампања. Не мислам дека ова ниту нам ни служи, ниту им служи на меѓусоседските односи и она што сакаме да го постигнеме заедно како две земји, изјави Османи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.