Најостро и со целосна одговорност ги демантираме денешните сенационалистички и неточни информации за полициска акција во фирмата „Монт”, која е дел од Орка Холдингот на Јордан Камчев, стои во демантот од Орка Холдинг.

Не станува збор за полициска акција, туку за контрола од страна на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата. Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија – се посочува во демантот.

Во демантот меѓу другото се подвлекува дека ниту компанијата „Монт”, ниту Орка Холдинг на каков било начин имаат учествувано во предизборната кампања на Гордана Силјановска на претходните претседателски избори.

Маиците од компанијата „Монт”, која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Полиестердеј, компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Полиестердеј по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото – појаснуваат од Орка Холдинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.