Музичарот Златко Ориѓански се пишмани. Откако деновиве беше акуелен со навреливи статуси со кои шири говор на омраза, денеска реши истите да ги избрише од неговиот ѕид на фејсбук. Тој го избришал статусот со кој го навреди оперскиот пејач и лидер на движењето За заедничка Македонија, Игор Дурловски.

Го избриша и оној зa новинарите на кои им го најде лекот – солна киселина.

Дали тоа ќе го искупи од одговорност?! Министерството за внатрешни работи најави дека за ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.