Музичарот Златко Ориѓански се сомнева во пејачките квалитети и меѓународни музички успеси на оперската ѕвезда Игор Дурловски кој по две години прогон беше ослободен од обвинение за тероризам за настаните од 27 април.

Ако Дурловски е големиот светски пејач, баба ми е фантастична пич*ка”, напиша Ориѓански кој е поддржувач на премиерот Заев а настапуваше на двете последни изборни кампањи на СДСМ.

Покрај музичката кариера што ја градел 30 години Ориѓански е пензиониран припадник на МВР каде се вработил по средното училиште. Негов најголем успех е учеството во тимот која изработи музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Игор Дурловски настапувал на низа престижни оперски сцени а во Македонија се врати од Германија каде неколку години матична куќа му беше државната опера во Кесел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.