Новинарот Сашо Ордановски близок на владеачката гарнитура тврди дека ДУИ и Ахмети се како Гадафи и Либија и дека ако Ахмети се повлече, партијата ќе се распадне.

Дали Ордановски меѓу редови на лидерот на ДУИ му пренесува порака дека може да заврши како либискиот диктатор кој беше убиен на грозоморен начин од своите сограѓани.

Тврдејќи дека неделава се случиле добри вести за Македонија Ордановски вели дека преговорите за смени во владината коалиција кои ги води Заев со другите лидери се воделе и со превод на англиски јазик со што Ордановски наведува на две сценарија.

Или во владината коалиција се случува огромен судир кој не може да се надмине на службените јазици сега кога и албанскиот јазик е официјален па мора да се користи превод, или пак во преговорите се вклучени странци.

И во двете сценарија ситуацијата е катастрофална за Заев затоа што покажува или дека Македонија веќе не е земја на едно општество за сите туку стана земја во која политичарите не се разбираат или дека без странци не може да опстои владата.

Своите тези Ордановски ги објавува во колумна за Цивилмедиа која ја пренесува Плусинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.