Ако имаат малку интегритет и политички усул, добар дел од пратениците од владејачката коалиција би требало да НЕ ја изгласаат оваа предложена владина кадровска реформа и да го вратат Заев на поправен, пишува во новата колумна Сашо Орданоски, еден од најгласните поддржувачи на сегашната власт.

Орданоски додава дека гласањето „НЕ“ може да биде спасоносен чекор за оваа премиерска непромисленост која ги има во себе сите знаци на рецепт за одложена политичка катастрофа.

Тоа, се разбира, нема да се случи. Наздравје, пишува Орданоски.

За Ордановски покрај себеименувањето за министер за финансии на Заев, другите промени во Владата се скандалозни.

Да ја уништиш, со еден потег, целата идеја за „Едно општество за сите“ со тоа што ќе го именуваш г. Садула Дураки, „инженер по машинерија“, за министер за политички систем, тоа е како да ставиш ревматолог да го води ресорот за култура! … Уууупс!, вели тој.

Целата колумна тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.