Бизнисменот Орце Камчев денеска повторно дал исказ во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, потврддија од ОЈО за „Република“. Како што велат оттаму, тој дал исказ во својство на сведок за случајот што изминативе недели е во центарот на вниманието на македонската јавност.

Како што е веќе познато, за случајот во моментов лишени од слобода се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец кои се првоосомничени, како и специјалната обвинителка Катица Јанева која се сомничи за злоупотреба на службената позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.