Измените во Законот за здравствена заштита кој денеска беше усвоен на Владина седница ќе донесе крупни промени во здравствениот систем, велат од Министерството за здравство.
Со измените се овозможува лекарите специјалисти да дежураат во било која јавна здравствена установа во државата согласно дефицитот на нивната специјалност.

Со измените на Законот, лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион, а од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството, инфомрмираат од МЗ.

Со новините во законската регулатива, како што се посочува, се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни.

Со законските измени, пациентите остануваат во истата ординација на нивниот матичен лекар доколку тој се пензионира или го напушти тоа работно место и со тоа пациентите продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација, а на веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени. Првпат се регулира и вклучувањето на граѓанските органзации во системот на здравствена заштита, додаваат од Министерството за здравство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.