Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа – преку соопштение се огласи општинската прес служба, затечени од изјавата на Премиерот. Заев вчера најави дека ќе му ги одземе ингеренциите и на охридскиот градоначалник во сферата на урбанизмот и градежништвото, во прв ред заради спроведување на препораките на Унеско, бидејќи слушнал дека по примерот на Струга и Охрид сака да отстапи дел од ингеренциите.

Од општината уште еднаш го потврдија ставот на градначалникиот дека дивите градби ќе бидат предмет на соодветно постапување,и оти ќе се рушело таму каде што ќе се проценело дека треба ургентно да се делува, во координација со надлежните државни институции. Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата плански, чекор по чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО-стои во соопштението од општината. Но, извесно е дека жешкиот костен ќе треба да го вадат токму државните институции.

Домашните експерти се скептични дека градот ќе се спаси од урбаното дивеење и оти ќе успее да се справи со дивоградбите.

Козметички корекции и шминкање на градот нема да не спасат – вели архитектот Димитар Зарчев кој своевремено како Претседател на тогашното Собрание на општина Охрид бил вклучен во постапката за прогласување на Охрид како град на Унеско. Градоначалникот нема што да се пазари со никого, во документите кои ги издала општината сигурно не пишува кој што сака да прави, вели Зарчев кометирајќи го ставот на Герогиески кој и покрај притисок на Унеско, не можел сам да ги руши дивоградбите.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.