Политичкиот аналитичар и поранешен амбасадот Арсим Зеколи ѝ честита убедчива победа на опозицијата на претседателските избори одржани вчера. Зеколи констатира дека во понижувачкиот пораз на власта најголем губитник е премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, бидејќи на парламентарните избори ќе излезе со тежок камен околу вратот – ДУИ.

 
Опозиција ВМРО, Алијанса, Беса триумфира. Убедливо.
Власта СДСМ, ДУИ, Алтернатива изгуби. Понижувачки.

За СДСМ отсега ДУИ е камен околу врат на парламентарни.
За ДУИ пак СДСМ е коска во грло за парламентарни.
Најголем губитник? Заев. Повеќе од ова, не може да постигне. Енде, напиша Зеколи на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.