Со поднесувањето на над 3.000 амандмани, парламентарната опозиција, практично ги блокира измените на Деловникот што ги предложи спикерот Талат Џафери, со цел да се бајпасираат проблемите со коворумот поради ковид-кризата.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива и Левица ги здужија силите за да спречат донесување на измените на Деловникот, кои предвидуваат пратеници кои се во изолација поради Ковид-19 да може онлајн да се вклучуваат во работата на парламентот.

Ова се предлага единствено за пратеници кои ќе биадт во изолација со решение од ДЗИ. Не важи за други пратеници и за други здравствени состојби – изјави Арбен Зибери од ДУИ.

За предложените измени на Деловникот расправаше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, откако минатата седмица собраниското мнозинство, на пленарна седница, ја утврди потребата за нивно донесување по скратена постапка.

Меѓутоа, извесно е дека постапката, сепак, ќе трае долго и прашање е дали воопшто ќе биде завршена, со оглед на тоа што сега треба да се чека собраниските служби прво да ги преведат сите поднесени амнадмани од македонски на албански јазик и обратно.

Ова прашање треба да се спречи бидејќи за измени на Деловникот е потребен сепартиски консензус. Досега, само еднаш се случило Деловникот да се измени на своја рака, без опозиција, во времето на Груевски. Јас и на говорница кажав, ако сакате да го вратите груевизмот, изменето го деловникот на своја рака. Сметаме дека со доволно амандмани, ќе се избориме за консензус – изјави Скендер Реџепи од Алијана/Алтернатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.