Службено возило на македонскиот конзулат во Солун било запалено и целосно изгорено додека било паркирано во центарот на градот.

Како што пишува „Грик СитиТајмс“, полицијата го истражува инцидентот во кој непознати напаѓачи фрлиле запалливи материјали врз возилото, по што го опожариле.

Според агенцијата „АМПЕ“, противпожарните служби биле повикани во 5.30 часот.

Во тек е прелиминарна истрага за случувањето од солунските безбедносни служби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.