Oнлајн седници не треба да има бидејќи како прво треба да се менува Деловникот на Собрание и Уставот, а второ може да дојде и до поларизација и тоа политичка, предупреди во вчерашното издание на „Заспиј ако можеш“ пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тема со онлајн Собрание завршува на Уставната норма која што налага присуство на избраните пратеници. Ако некој сака да воведе друг принцип на работа на Собранието мора да размислува за промена на Уставот, поинаку не може да биде тема, појасни Милошоски.

Милошоски додаде дека поради тој предлог на СДСМ можно е да се јави и политичка поларизација бидејќи има недоверба. Нема сите пратеници да веруваат дека некој стои зад компјутерот, и дека нема системот да биде злоупотребен.

Освен таа политичка поларизација, ќе се јави проблемот на правна несигурност. Во Собранието ќе поминат закони кои што утре можеби некој граѓанин или некој засегнат субјект правен или физички ќе ги оспори пред Уставен суд дека ги донесло Собранието прекршувајќи ја нормата за присуство во Собрание, појасни Милошоски.

Милошоски посочи поради тоа утре може голем дел од тие закони донесени онлајн да доведат многу луѓе во правна несигурност.

Затоа сметам дека не треба да се манипулира со оваа тема околу онлајн седници, потенцира Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.