Опозицијата е децидно против, за власта неопходно е собраниските седници да се одвиваат и онлајн. Според ВМРО-ДПМНЕ, предлогот на Џафери ја открива неспособноста за обезбедување на неопходното мнозинство, објави Сител.

Дебата и гласање преку интернет не прифаќаат ниту во коалицијата Алијанса и Алтернатива. Во тоа гледаат обид да се манипулира со неопходниот кворум.

За СДСМ прифатливо е пратениците да работат во домашни услови. Очекуваат поддршка и од останатите народни избраници.

Еден заболен независно дали станува збор за пратеник или вработен во собраниските служби, може да ги стави сите пратеници или цело Собрание во изолација. Он-лајн работата не само што е прифатлива за нас пратениците, туку е и нужна – вели Јован Митревски за Сител.

Експретите сметаат дека во услови на пандемија, неопходно е собранието да има алтернативен начин за работа, ама само во строго регулирани критериуми.

Можноста за електронски седници, собранискиот спикер ја најави на средбата со британската амбасадорка Галовеј. Се предвидува пратениците во домашен амбиент да бараат збор од Џафери а наместо со кревање рака, за гласање да го користат компјутерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.