ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека украинскит бизнисмен Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе пет месеци премиер.

Според партијата, АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина.

Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија.Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски.

Од опоизицијата сметаат дека Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција.

После овој скандал со македонското државјанство дадено на рускиот разузнавач Онишченко, наместо во Париз, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски подобро е да биде испратен за амбасадор во Москва, Белград или Каиро, каде веројатно ќе добива подоверливи информации. Бидејќи во Франција или во НАТО тој како разузнавач веќе нема кредибилитет за со него да se споделуваат сензитивни безбедносни информации, изјави синоќа Антонијо Милопшоски за „Алфа“.

На сиве овие обвинувања власта уверува дека е започната постапката за одземање на државјанството на украинскиот тајкун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.