Не смее да дозволиме повеќе политички притисоци да управуваат со правото. И ова не го зборам зато што само ВМРО е под жесток удар. И ве молам на тоа да не гледате само така, туку како една сеопшстествена појава која е канцер на нашето општество, која го дели и раслојува. Кога било кој граѓанин ќе доживее некаква неправда ќе мора да отиде на суд и да ја бара правдата, но таму правда нема. Нема затоа што таму политиката управува. Тоа е понижувачки, фрустрирачки, за една меѓа, за една обична нива, за обична работа да седите по тие судски лавиринти затоа што правниот систем се распаѓа. Тоа е неуспешна држава – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 27. Годишна конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека нема намера да штити криминал и секој треба да одговара за своите постапки:

И како човек немам намера да штитам криминал, ниту поддржувам, секоја влада која направила треба да одговара. Без оглед како се вика, кој од која партија е, кој од која позиција доаѓа. И потребно е да се стави крај на тоа еднаш за секогаш, затоа што само така можеме да одиме напред. Но ова не е тоа време и ова не се тие постапки. Ова што сега се случува е режиран прогон и атак врз ВМРО. Затоа што ВМРО им смета, им пречи. Се додека ВМРО-ДПМНЕ постои има кој да им суди за криминалот. Знаат дека кога тогаш казната, правдината и правото ќе ги стигне.

Понатаму додаде:

И тука зборам не само за овие од власта, овој прогон ги опфаќа и оние кои се богатеа на грбот на партијата а сега се најблиску до скутот на Заев и уценети и притиснати прифатија да бидат негови слуги. И овие луѓе мислат дека со некоја загубена битка ќе ја освојат војната, но треба да знаат дека ниту битка планирам да изгубам, а за војната треба да знаат дека заедно ќе ја победиме, заедно со народот на Македонија. Вака како што стојат работите овие луѓе, притиснати и уплашени може да му прават услуга на Заев, но никако на ВМРО. И тој стокхолмски синдром е сериозно изразен кај многу луѓе кои во минатото се удираа во гради, запоседнуваа функции. И во таквата вљубеност на жртвата во киднаперот сакаат освен себе си да го повлечат и ВМРО. Но нема да може со тие куршуми. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, досега не го извалкав името на ВМРО така и ќе продолжам. А ќе се спротивставам и на оние кои ќе го пробаат тоа. Затоа што на крајот ВМРО му припаѓа на народот а тој е вистинскиот сопственик на оваа држава, а неговата волја е последна и главна насока во нашите политики. А овие слуги на Заев полека но сигурно ја губат својата чест и достоинство, но и брендот ВМРО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.