Нечујно и прикриено со театарот за гласање на доверба од страна на Зоран Заев, денеска со 60 гласа „за“ во Собранието беше изгласан предлогот за продолжување на законот за легализација за уште пет години, доставен од страна на пратеникот на СДСМ, Диме Велковски. Од присутните 62 пратеници од владеачкото мнозинство, само двајца пратеници од ДОМ гласаа против.

Оние кои беа гласни во минатото како опозиција против овој закон и неговите продолжувања, сега бараат после цели 10 години на сила на овој закон, да важи уште ни повеќе, ни помалку, туку 5 години. Само за потсетување, во процедура имаме предлог за НОВ закон за легализација на дивоградби, ама сега и стариов да се продолжел уште 5 години. Што сакате да направите од ова држава⁉️ Континуирана амнестија на криминал без крај, зошто градење на диво е кривично дело со казна затвор од три до 8 години, реагираат од О2 иницијатива.

Тие ги повикуваат двајцата пратеници на ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски да не обезбедуваат кворум за оваа точка која утре ќе дојде на ред за гласање.

Ја поставуваме и дилемата, дали закон кој е на сила од 3.3.2011 и во чиј член стои дека ќе важи десет години, а тоа значи до 3.3.2021, може да се продолжи кога стапува вон сила? Законот од утре е вон сила. Ние, како и огромен број на граѓански здруженија сме ПРОТИВ легализација на дивоградби, особено не после 10 години од ваквиот процес. Се бориме за владеење на правото, а не за амнестирање на криминал.
И да, како што кажавме во еден претходен пост на оваа тема, нема да гласаме на избори за партиите кои гласаат и овозможуваат легализацијата на дивоградби да продолжи и ќе повикаме и другите да го направат истото.
ДОСТА Е ОД АМНЕСТИИ НА КРИМИНАЛ!, велат од Организацијата за заштита на животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.