Оливер Спасовски кој од петок треба да ја преземе функцијата Премиер во техничката влада, заедно со СДСМ и Премиерот во заминување Зоран Заев го отфрлија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада да биде назначен Драган Ковачки. Тие сметаат дека како полковник и не може да ја обавува функцијата која треба да ја извршува лице кое најмалку три години претходно бил цивил.

Спасовски вели дека Уставот мора да се почитува и се надева дека опозицијата ќе предложи нов кандидат за министер за внатрешни работи.

Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада, која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Ставот дека мора да се почитува Уставот е став што не може да биде променет и тоа треба да го почитуваат сите. Владата ќе функционира од моментот кога ќе биде избрана, а тоа треба да се случи на 3 јануари, затоа што изборите ќе бидат на 12 април, рече Спасовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека до утре (четврток) се ќе се знае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.