Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починати се 12 лица, а излекувани се 283. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572 случаи, од починати се 994.

Денешните случаи се регистрирани во: Скопје 447, Куманово 69, Дебар 9, Штип 39, Прилеп 60, Тетово 62, Струга 14, Велес 50, Битола 28, Охрид 18, Кавадарци 20, Гостивар 35, Гевгелија 29, Струмица 80, Крива Паланка 10, Радовиш 9, Крушево 3, Кочани 13, Пробиштип 10, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 2, Валандово 6, Виница 4, Делчево 10, Кратово 4, Свети Николе 5, Кичево 30, Ресен 4, Неготино 12.

Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 283 оздравени пациенти од: Скопје 142, Куманово 8, Штип 7, Прилеп 11, Тетово 21, Велес 6, Битола 13, Кавадарци 18, Гостивар 6, Гевгелија 9, Струмица 11, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Крушево 1, Кочани 7, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 2, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 10, Неготино 5,

Досега во земјата се направени вкупно 249.399 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.