Војска административци се напикани во државни агенции и органи чии називи дури и тие што ги измислиле за да ги размножат како плева, не можат да ги прочитаат, а камоли да ги изговорат, aнализираат од „Сакам да кажам“, од каде додаваат дека ретко кој знае што работат и дали одат на работа, а и тие што одат на работа, со нов предлог-закон би работеле 36, место 40 часа неделно, како обичните луѓе.

Разгледувајќи го Буџетот, може да се види дека за сите има посебни ставки за пари. Приватниот сектор кој ги носи на грбот овие вработени во државни органи и агенции со чудни имиња, треба да знае кого сè храни. Одејќи низ Скопје, ќе се сретнат чудни табли со називи. Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Cеверна Македонија и Агенција за поддршка на претприемништвото, се само едни од десетиците измислени органи кои никнуваат како печурки со секоја наредна власт.

Многу нè интересираше, на пример, што работат овие две агенции? Зошто за нивниот резултат од работењето никој не слушнал? До каде сме со нуклеарната централа? Двете се наоѓаат во просториите на старата Комерцијална банка во Скопје. Ние од „Сакам да кажам“ застанавме во ходникот и чекавме три часа некој да влезе, или да излезе од овие две врати. Никој не шушна, сенка не помина ниту од кај „нуклеарците“, ниту од кај „претприемачите“.

Целата сторија на „Сакам да кажам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.