Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборува дека има повеќе лица кои не го поминале филтерот за безбедносен НАТО сертификат и дали меѓу нив има и политичари.

„Не би сакал да шпекулирам со бројките, но има одреден процент на лица кои не го поминаа овој процес, за некои веќе се разговараше во јавноста“, посочи Славески, коментирајќи дека нема политичари меѓу иние кои не добиле сертификат.

Тој вели дека сите лица кои што нема да го поминат процесот добиваат решение од страна на Дирекцијата дека се одбиени за издавање на безбедносниот сертификат, а потоа можат да се жалат во постапка до второстепената Комисија на Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.