Обвинителството за организиран криминал доставило предлог до судот за определување мерка притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева за вмешаност во случајот „Рекет“ во кој досега осомничени се и Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Како што соопшти ОЈО на денешната прес-конференција, Јанева стекнала имотна корист од 298 илјади денари, односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.

Според обвинителите од СЈО е одземен службенот компјутер на Јанева, а се врши претрес и во нејзиниот дом.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот “Империја”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.